Во владата има разногласие што да се прави со неа, по крутата мерка
Коалициската влада на Австрија го одобри денеска законот кој дозволува да биде конфискувана куќата во која во 1889 година се родил нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, јави BBC .До крутата мерка се стигна по упорно одбивање на сопственичката во Браунау ам Ин, во близина на германската граница, да го продаде имотот.Мотивите на властите во Виена за конфискација се куќата да не се претвори во место за поклонение на неонацисти. Тие плаќаат кирија за неа од 1972 година, а во последните години таа изнесуваше 4800 евра месечно. Во Владата сепак има несогласувања, и поконкретно меѓу сопартијци од Народната партија – министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка и Вице Премиер Рајнхолд Митерленер, што да прави државата со конфискација на зграда. Соботка бара таа да биде уништена, а Митерленер – да биде претворена во музеј со образовни цели.