Легендата на европската кошарка Тони Кукоч се уште не мисли дека Никола Јокиќ успеал да ја надмине големината на Владе Дивац и Дино Раџа, откако смета дека двајцата се подобри од српскиот кошаркар.
„Јокиќ и покрај статистиката не е на нивото на Дивац и Раџа. Пред 30 години, Дивац ја изненади Америка со контролата на топката и покрај тоа што беше толку висок. Раџа беше неверојатен како ја вадеше топката од едниот кош и „леташе“ во другиот за да постигне кош“, изјави Кукоч за Спорски Журнал.
Според трикратниот шампион во НБА со Чикаго Булс, Србинот има уште простор да ја подобри својата игра. 29-годишниот центар е двократен МВП во најсилната лига во светот, а оваа година може да додаде трета чест на својата визит-карта.
Јокиќ во кампањата има просек од 26,1 поен, 12,2 скока и 8,9 асистенции.