Кукуреља го крена гласот против бројот на мечевите: Не сме роботи, здравјето ни е загрозено

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Се поголем е бројот на фудбалери кои решија јавно да го кренат гласот поради големиот број натпревари во текот на една сезона, а последен во низата е Марк Кукуреља.

Првотимецот на Челси и ѕвезда на шпанската репрезентација со која ја освои титулата европски првак, смета дека здравјето на играчите е загрозено поради згуснатиот календар.

Шпанецот како потврда на своето тврдење ги наведе честите повреди, бидејќи играчите немаат доволно време за одмор по одиграните натпревари.

„Се играат премногу натпревари, а ние не сме роботи. Погледнете што се случува со играчите и како се повредени. Погледнете што се случи со Родриго и Карвахал“, изјави Кукуреља, пренесуваат медиумите на Островот.

Одредени играчи, меѓу кои и повредениот Родри, на почетокот на сезоната дури најавија дека ќе штрајкуваат доколку нешто не се промени, додека Пеп Гравдиола изјави дека ќе поддржи таква одлука на играчите, но дека нема да го иницира, затоа што смета дека само играчите имаат сила да се борат за промени во календарот на натпреварувањата.

Слични содржини