Кукуреља се надева дека ќе има слична кариера како Карлес Пујол

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља ги коментираше споредбите со Карлес Пујол за време на ЕП 2024. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Пујол беше клучна фигура во „Фуријата“ освојувајќи ги Еуро 2008, Светското првенство 2010 и Еуро 2012. Изгледот и долгата коса на Кукуреља потсетуваа на Пујол и експертите почнаа да прават паралела меѓу двајцата.

„Карлес е легенда и ние сме слични во смисла дека секогаш даваме се од себе за тимот. Тој многу добро ги знаеше своите силни и слаби страни и тимот секогаш му беше најважен. Мило ми е за таа споредба – тој беше одличен играч, кој влезе во историјата, се надевам дека ќе има слична кариера“, рече 25-годишниот дефанзивец на Челси, цитиран од официјалната веб-страница на УЕФА.

Шпанија подоцна вечерва во полуфиналето на Европското првенство во Германија ќе се соочи со Франција.

„Ова беше многу тешка сезона и овој турнир не држи подалеку од нашите семејства долго време. Ако на крајот ја освоиме титулата, тоа ќе биде одлично и ќе израдува многу луѓе“, додаде Кукуреља.

Слични содржини