Заради 24-часовниот штрајк на најголемиот работнички синдикат во грција сопрен е железничкиот и поморскиот, како и јавниот градски сообраќај во Атина.

Штрајкот е организиран поради острите мерки за штедење на грчката влада, а планирани се и помали одвоени протестни маршови со парламентот во Атина.
Не сообраќаат ни траектите меѓу грчките острови и копното.
Синдикатите сакаат владата да ги укине уредбите за намалување на платите и пензиите воведени на барање на меѓународните кредитори во текот на осумгодишната орграма за финансиско спасување на Грција.
Програмата формално е завршена во август, но се очекува мерките да останат на сила со години за да се обезбеди балансираниот буџет на Грција која треба да ги врати своите долгови.