Кулеба: Дојде време Црното Море да се претвори во море на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина Димитриј Кулеба повика Црното Море да се претвори во „НАТО море“, истовремено наведувајќи дека е неопходна негова демилитаризација.

„Дојде време Црното Море да се претвори во она што стана Балтичкото – во море на НАТО. Апелираме за демилитаризација на Црното Море за да можат мирољубивите земји кои ги почитуваат законите да го користат за трговија и патување“, рече Кулеба на конференцијата за безбедносни прашања на Црното Море во Букурешт, која беше емитувана на Јутјуб.

Покрај тоа, тој изрази жалење што Западот нема конзистентна стратегија за Црното Море и нагласи дека Русија секогаш имала таква.

Украинскиот министер повторно најави дека Киев планира да воспостави контрола врз регионите кои станаа дел од Русија.

Слични содржини