Кулеба ни честита за претседавањето со ОБСЕ и го кани Османи во Украина

од Nikola Popovski
323 прегледи

Шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба ѝ го честитал на Македонија претседавањето со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација која опфаќа 57 држави учеснички од Северна Америка, Европа и Азија.

Тој преку твит му се обратил на неговиот македонски колега Бујар Османи.

-Почитуван Бујар Османи, ти честитам за преземањето на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Очекувам да ти посакам добредојде во Украина во вашиот нов капацитет, како и да работиме заедно на зајакнување на одговорот на ОБСЕ на руската агресија и спроведување на формулата за мир на Володимир Зеленски, напишал Кулеба на Твитер.

Османи ќе претседава со оваа важна мултилатерална организација која работи на сеопфатни аспекти на безбедноста поврзани со политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија. Преку својот уникатен пристап ОБСЕ придонесува кон регионалниот мир, соработка и севкупен развој.

-Со ова Северна Македонија се афирмира како активен чинител во генерирање на стабилност во поширок регионален контекст, истакна меѓу другото Османи за претседавањето на земјава со ОБСЕ кое започна од 1-ви јануари.

Слични содржини