124
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека денешната посета на американскиот претседател Џозеф Бајден на Киев јасно ѝ сигнализира на Русија дека никој не се плаши од неа и ја оцени посетата како победа на украинскиот народ и на претседателот на Украина Владимир Зеленски.
Кулеба во изјавата рече дека посетата е историска и дека и Бајден и Зеленски се задоволни од разговорите, пренесе „Ројтерс“.
„Оваа посета е победа за украинскиот народ и претседателот Зеленски“, нагласи тој.
Посетата беше спроведено и покрај се, заради победа на Украина и на целиот слободен свет, додаде Кулеба.
Нагласи дека ова е јасен сигнал дека никој не се плаши од Русија.