Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба оцени дека состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ бил „историски“ и изјавил дека подготовките за самитот на Европскиот совет се во полн ек.
„Тоа беше историски, ако не и епски состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ. Последен пат се сеќавам на таков искрен разговор во овој формат во првите денови од целосната инвазија, кога се разговараше за исклучувањето на руските банки од SWIFT. Кон крајот на неделата нè очекуваат важни одлуки на самитот. Подготовките се во полн ек, се додаваат нови елементи“, наведе Кулеба на Инстаграм.
Тој додаде дека по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, разговарал со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, кој информирал дека утре Европската комисија ќе претстави предлог-одлука за искористување на приходите од замрзнати руски средства за потребите на Украина.