834
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска разговарал со својот литвански колега Габриелус Ландсбергис за дефинирање заеднички чекори за зголемување на производството на беспилотни летала за потребите на вооружените сили на Украина.
„Литванија ја има технологијата, имаме можност да го зголемиме производството. Ова беше клучна тема. Има јасно разбирање што, како и кога да се направи, за украинско-литванската соработка во производството на дронови да даде максимален резултат во најкус можен рок“, рече Кулеба на заедничката прес-конференција во Киев, пренесува „Укринформ“.
Тој додаде дека со литванскиот министер разговарал и за пристапот на Украина во ЕУ и НАТО.