Кулеба: Украина има доволно оружје за да започне контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Украина има доволно оружје за контраофанзива против Русија, која на таа земја ќе ѝ донесе победа која ѝ е потребна за да се приклучи на НАТО, изјави денеска министерот за надворешни работи Димитро Кулеба.

Тој оцени дека членството во НАТО „веројатно ќе биде возможно за Украина дури по завршувањето на активните непријателства“.

„Ројтерс“ пренесува дека Кулеба не одговорил на прашањето дали долгонајавуваната пролетна контраофанзива на Украина започнала.

Слични содржини