Кулеба: Украина нема да потпише договор за откажување од територии

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја отфрли можноста за потпишување мировен договор со Москва во замена за откажување од дел од украинската територија.

Тој рече дека условите за мир за Украина не можат да личат на Московскиот мировен договор потпишан во 1940 година со Финска.

„Нема да потпишеме договор сличен на оној што го потпиша Финска“, изјави украинскиот министер, пренесува „Укринформ“.

Кулеба додаде дека Украина, откако преживеала инвазија од целосен обем, добила различни битки и поддршка, „ја има секоја шанса да добие поинакви услови за мир“ отколку што беше случајот за време на советско-финската војна, војната меѓу Русија и Грузија во 2008 година или Руската анексија на Крим во 2014 година.

Слични содржини