208
Украинскиот министер за надворешни работи Димтро Кулеба во интервју за Си-Ен-Ен тврди дека неговата земја нема план „Б“ за решавање на кризата и завршување на војната, единствениот план што го имаат и во кој веруваат е планот „А“, кој ѝ беше објавен на јавноста одамна.
Кулеба тврди дека инвестирањето во неговата земја и нејзината одбрана е сè освен добротворни цели кон Украинците.
Кога станува збор за иднината на Украина, Кулеба тврди дека ова е војна која се води етапно и дека неговата земја се подготвува за тоа, без во моментов да размислува за какви било преговори со Владимир Путин и Русија.