Кулеба: Вашингтон продолжува да ги поддржува напорите на Киев во војната против Русија

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен го уверил дека Вашингтон продолжува да ги поддржува напорите на Киев да победи во војната со Русија и ги отфрли обидите да се фрли сомнеж во воените способности на Украина.

Кулеба ја даде оваа изјава по неодамна објавената статија во „Вашингтон пост“ каде има детална проценка на американските разузнавачи за скромниот потенцијал на Киев да ги врати териториите окупирани од Русија.