Кулибали потпиша, па откри за неуспешен трансфер на „Стемфорд Бриџ“

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Новиот централен дефанзивец на Челси, Калиду Кулибали, призна дека пред извесно време се разминал со трансфер во клубот од „Стемфорд Бриџ“. Сакаа да ме земат во 2016 година, но тогаш не им успеа“, призна Сенегалецот.

Вечерва тој и официјално стана дел од лондончани, а Наполи ќе добие 38 милиони евра плус евентуални дополнителни до 2 милиони по исполнување на одредени клаузули.

„Сега, кога Челси повторно дојде по мене, јас веќе прифатив бидејќи тие навистина ме сакаа во Премиер лигата. Кога разговарав со моите добри пријатели Еду (Менди) и Жоргињо, тие ми го олеснија изборот. Затоа сега сум многу среќен“, додаде 31-годишниот Кулибали.

Новиот сопственик на клубот, Тод Боли, му посака добредојде на африканскиот играч.

„Калиду е еден од најдобрите дефанзивци во светот и ние сме воодушевени што го пречекуваме во нашето семејство. Тој е извонреден лидер и фудбалер за пример, откако на нашиот тим ќе му донесе повеќе искуство и други квалитети кои ќе им користат на сите“, истакна шефот на „сините“.

Слични содржини