Познатиот албум од 1995 година на Аланис Морисет “Jagged Little Pill” од следната година ќе стане мјузикл.
Тој ќе ја раскажува приказната на современо семејство веќе неколку генерации и сложените односи меѓу неговите членови.
Меѓу другите засегнати теми на претставата ќе бидат и прашањата за полоиот идентитет и расата, соопштија продуцентите. Се очекува мјузиклот да ја направи премиерата во мај 2018 година во “American Repertory Theater” кон Универзитетот Харвард.
Режисер ќе биде Дајан Паулус, креативен директор на театарот, која е личноста зад римејкот на бродвејската класика “Коса”. Сценариото е на Диаби Коди, кој е автор на хит филмот од 2007 година “Џун”.
Самата Морисет ја пофали хемијата која има со Паулус и Коди, нарекувајќи го проектот “мојoт остварен музичко-театарски сон”.
“Jagged Little Pill” е еден од основните албуми на 90-тарскиот бум на алтернативниот рок, во кој Морисет ја обединува суровоста на гранџот со еден поширок поп звук. Во исто време со песни како “You Oughta Know”, “You Learn”, “Hand in My Pocket” албумот ја носи и пораката за женската сила.
Во 1996 година “Jagged Little Pill” ѝ донесе на 21-годишната Морисет награда “Греми” за албум на годината, со што таа станува најмладата добитничка на вакво одличје.