Куман бесен: Во Шпанија нема ВАР?

од Nikola Popovski
560 прегледи

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не беше задоволен од судењето на „Ел Класико“.

Каталонците беа поразени во Мадрид од Реал со 2:1.

Неколку одлуки на судијата Манзано беа сомнителни, а се издвојува детал од финишот, кога Брајтвејт беше соборен во шеснаесетникот на Реал.

Судијата не сакал да се консултира со ВАР, иако таму можело да се види „нешто“ сомнително.

„Секој навивач на Барселона мора да биде незадоволен од судијата. Тоа беше пенал на Брајтвајт, а не сум задоволен ниту од судиското дополнување на времето. Беше само четири минути, а судијата потроши само три на замена на уредот на раката. Што се однесува до самата игра, не бевме добри во првото полувреме, но се дигнавме во продолжението“, изјавил Куман и додал:

„Не разбирам зошто во Шпанија нема ВАР“.

Реал е прв со 66 бода, исто како и Атлетико (натпревар помалку), додека Барса е трета со 65.

Слични содржини