Куман чекаше Меси да замине, па кажа: „Тој беше тиранин“

од Nikola Popovski
365 прегледи

Роналд Куман, тренерот на Барселона, во последните недели се чини дека сака целиот фокус да биде насочен кон него. Дали сака да го симне притисокот од играчите или послабите резултати на Каталонците да ги фрли во втор план со контроверзни изјави, сепак успева да се зборува за него од ден на ден.

По критиките кон играчите, приказните за моменталниот максимум и разочараните реакции, тој сега подготви „тешка артилерија“. Зборуваше за Лионел Меси и го претстави во лошо светло.

Прво го претстави како натпреварувач, но потоа на сето тоа го додаде коментарот „Тиранин“.

„Ако работевме на шутот на тренинг, некои играчи би започнале со лесни удари и помалку се глупираа. Но, со Меси се беше бум, бум, бум, бум. Нема средина, секогаш ефикасно. И тој секогаш сакаше да победува во се“, рекол Холанѓанецот, а пренесува „Goal.com“.

За време на некои вежби, победничкиот тим ги казнувал губитниците, давајќи им шлаканици по главата. Меси само еднаш си го дозволил ова понижување.

„Го прашав Меси дали некогаш му се случило тоа. „Да, еднаш“, ми рече. Сите тие години. Со него, постарите играчи никогаш не загубија на тренинзите од помладите. Му се случило еднаш и една недела беше сериозно лут поради тоа. Вистински тиранин“.

Слични содржини