Куман го стави Пјаниќ на трансфер листа, разочаран од неговите медиумски настапи

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона, на барање на тренерот Роналд Куман, го ставила репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ на трансфер листата.

ТВ3 известува дека Куман е разочаран од јавните медиумски настапи на Пјаниќ, кој во неколку наврати повтори дека не е задоволен од статусот и малата минутажа на „Камп Ноу“.

Истиот извор наведува дека Пјаниќ бил на трансфер листата затоа што станал „ирелевантен“ за Куман. Дека е така, покажуваат последните три натпревари на кои тој остана на клупата, дури и во моментите кога немаше дилеми околу победникот.

Пјаниќ дојде во Барселона минатото лето од Јувентус за 60 милиони евра, но не успеа да му се наметне на Куман, кој уште од самиот почеток му додели статус на резерва.

Одигра вкупно 28 натпревари, но не се запиша во стрелците, ниту во асистентите.

Иако неговиот договор важи до јуни 2024 година, се поизвесно е дека Пјаниќ ќе ја напушти каталонската престолнина следното лето.

Слични содржини