Куман и Барса ги добија најлошите вести пред дуелот со ПСЖ

од Nikola Popovski
239 прегледи

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, доби лоши вести на почетокот на оваа работна недела бидејќи неговиот играч Араухо ќе паузира поради потврдена повреда.

Зглобот на Араухо беше оштетен, а одбраната на Барселона беше ослабена уште пред повредата на 21-годишникот, затоа што Жерар Пике е надвор од терените од ноември поради повреда на коленото.

Араухо се повреди на мечот со Бетис, кој Барселона го доби со 3: 2 и беше сменет по само десет минути игра.

Она што ќе му донесе посебни главоболки на стручниот штаб на каталонскиот гигант е тоа што на 16 февруари ќе се соочат со осминафиналето во Лигата на шампионите.

Таму ги чека ПСЖ, минатогодишниот финалист во елитното натпреварување и за жал, постои голема шанса Араухо да го пропушти тој дуел.

Иако од Барселона не наведуваат колкава пауза го чека нивниот играч, се претпоставува дека тоа веројатно ќе трае подолго од една недела.

Да потсетиме, Араухо одигра 20 натпревари оваа сезона, од кои беше стартер на 18.

Слични содржини