Куман ќе добие отказ, Барселона започна преговори со Чави

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Барселона одлучи да го отпушти тренерот Роналд Куман на крајот од сезоната, објави добро информираниот „РАЦ 1“.

Одлуката за збогување со Куман ја донел претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, кој не е задоволен од работата на холандскиот стручњак.

Првиот избор за неговиот наследник е легендарниот играч на Барселона, Чави, со кого веќе започнаа преговорите.

Во моментов Чави е тренер на катарскиот Ал Сад, со кого го продолжи договорот пред неколку дена.

Барселона, инаку, со синоќешниот пораз од Селта ги загуби и математички шансите за титулата.

Слични содржини