Пред натпреварот од првото коло во новата сезона во Ла Лига со Реал Сосиедад, тренерот на Барселона, Роналд Куман одговараше на прашања за заминувањето на Лионел Меси.
– Го немаме повеќе, но имаме други играчи кои прават силен тим кога сите ќе закрепнат. Имаме силен тим кој може да освои важни трофеи. Од утре веќе нема оправдувања, започнуваат натпревари каде се земаат бодови и тимот е подготвен. Имавме добра претсезона, Лео не беше со нас и се работи за играта и односот. Убеден сум дека луѓето ќе уживаат во играта на овој тим – рече Куман.
Тој додаде дека за Каталонците било болно да го гледаат заминувањето на Меси.
– Сепак, не можеме да живееме во минатото. Луѓето менуваат тимови и има млади луѓе кои имаат иднина и јас сум возбуден поради нив. Се надевам дека ќе имаме поддршка од Каталонците. Меси е минато и не можеме да живееме од минатото, треба да живееме денес и за утре и да работиме напорно – изјави холандскиот стручњак.
Го пофали и потегот на Жерар Пике да се согласи на намалување на платата за регистрација на нови играчи. Тој, исто така, нагласи дека Барселона сигурно ќе потпише нови играчи доколку тоа го дозволат правилата на финансискиот фер -плеј.