Куман: Мора да освоиме нешто за да се споредиме со генерацијата од 1988 година

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Холандија првпат по 16 години е во четвртфинале на ЕП, a по победата над Романија во осминафиналето, апетитите растат.

„Лалињата“ ги надиграа Романците, откако погоди Коди Гакпо и Донијел Мален два пати.

„Понекогаш е тешко да се објасни зошто играш лошо или зошто играш добро. Денеска стартот беше тежок, но потоа ја најдовме нашата игра и му направивме проблеми на ривалот. Можеби една критична точка беше тоа што предолго беше 1:0“, изјави селекторот Роналд Куман.

Холандија покажа колку може да биде опасна.

„Имаме големи таленти во тимот. Секако дека треба да освоиме нешто – тогаш сите би не споредувале со генерацијата од 1988. Фудбалот од тогаш се промени“.

Во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Австрија – Турција.

„Ако не го задржиме ова ниво, нема да го правиме тоа што сакаме“, изјави Куман.

Слични содржини