Куман „преживеа“ на клупата на Барселона

од Nikola Popovski
359 прегледи

Роналд Куман треба да остане тренер на Барселона барем уште една година, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Куман не ги исполни очекувањата од минатата сезона затоа што Барселона не ја освои титулата во Шпанија, а не успеа ниту да стори нешто повеќе во Лигата на шампионите.

Жоан Лапорта и управата на клубот решија да продолжат со Куман и покрај сè, особено што тимот сега ќе се засили со неколку играчи.

Дојдоа Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Џорџино Вајналдум, па се очекува каталонскиот гигант да биде поприлагоден на холандскиот стручњак.

Куман ја презеде Барселона минатото лето, по заминувањето на Кике Сетјен. Сетјен ја загуби титулата од Реал Мадрид, а потоа Барса се посрамоти во Лигата на шампионите.

Куман го презеде тимот за време на внатрешните превирања, кога Лионел Меси јавно изрази незадоволство од тогашната управа и претседателот Бартомеу и сакаше да си замине.

Ситуацијата од тогаш малку се стабилизира, Меси се предомисли, па, очигледно, на Куман ќе му се даде уште една шанса.

Слични содржини