Куман за помошник на клупата на Холандија го избра својот брат

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман (59), кој по Светското првенство ќе го наследи Луис Ван Гал на чело на холандската репрезентација, го избра својот брат Ервин (60) за помошник, соопштија од Холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ).

Куман, кој ја водеше Холандија од февруари 2018 до август 2020 година, ќе го наследи Луис Ван Гал, кој на почетокот на април најави дека ќе се пензионира по Светското првенство и ќе се посвети на лекувањето на ракот на простата, од кој боледува.

Ова не е првпат двајцата браќа да соработуваат. Ервин претходно му беше помошник на Роналд во Евертон и Саутемптон.

– Три и пол години со Ервин во Англија ме научија дека има добра визија, но и дека работиме комплементарно – изјави Роналд Куман, кој го избра Патрик Лодевијкс за тренер на голманите.

Куман ја имаше последната работа во Барселона, а пред тоа ги водеше Евертон, Саутемптон, Феенорд, АЗ, ПСВ, Ајакс, Бенфика…

Неговиот брат тренерската кариера ја започна во Валвијк, а сам ги водеше и Фејнорд, Утрехт, Унгарија и Оман.

Слични содржини