161
Полицијата привела шеесет и петгодишен кумановец кој со остар предмет му нанел повреда на син му, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(65) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на неговиот син Н.С. (47), информираше полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.