Кумановец бил измамен за набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Тој ги платил за 6.000 денари, но не ги добил огревните дрва.

– Вчера во 14:40 часот во СВР Куманово, 39-годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот свекор бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини