Кумановец сместен во државен карантин, излегол од соба и ги нападнал полицајците

од Берта Китинска
172 прегледи

Eден од вратените граѓани од странство кои заминаа во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга нападнал полицајци, информираше СВР Охрид.


Станува збор за 25-годишно момче од кумановското село Матејче.

-Излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства, и ги игнорирал нивните насоки – велат од СВР Охрид.

Против момчето е поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Слични содржини