Кунде: Ќе ми треба помош против Винисиус, еден човек тешко може да го спречи

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Дефанзивецот на Барселона – Жил Кунде е оптимист за претстојната пресметка со Реал Мадрид. Според него, Ел Класико е најголемиот натпревар во светот на спортот. Тој, исто така, се радува на дуелот „еден на еден“ со Винисиус, кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов.

„Винисиус е кандидат број 1 за „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи, но за мене тоа е предизвик. Поради ваквите судири го сакам фудбалот. Тој е веројатно најголемата закана, но противникот има други големи играчи. Ова е тим, полн со таленти, играчи кои можат сами да решаваат натпревари. Винисиус не е играч кој можеш да го запреш сам, особено на 90 минути. Тој не застанува и сигурно ќе има моменти кога ќе ми треба помош“, изјави Кунде во интервју за SportyTV.

Дефанзивецот на Каталонците проговори и за промената која Ханзи Флик ја донесе во тимот. Според него, тимот сега има поинтензивен и подиректен пристап во однос на стилот на претходниот тренер Чави.

„Барселона отсекогаш играла со висока дефанзивна линија, но оваа сезона е поместена уште подалеку. Ние исто така притискаме многу повисоко. Ханзи Флик има јасна филозофија без разлика на противникот. Тој знае што сака и мислам дека тимот разбира многу добро. Одличната работа на напаѓачите на пресот придонесува да се создадат повеќе шанси за гол и да се држат противниците под притисок. За да играте ваков тип на фудбал треба да бидете во најдобра форма бидејќи е потребен многу труд“, објасни Кунде.

Дефанзивецот не крие дека се восхитува на способноста на Реал Мадрид да победува дури и кога не е најдобар.

„Беше возбудлив начинот на кој Реал Мадрид дојде до пресврт против Борусија Дортмунд. Го гледавме натпреварот и видовме што се случи. Реал Мадрид е тим кој знае како да победува. Мислам дека тоа е најголемата предност на Реал Мадрид во последните сезони. Понекогаш тие играат добро, понекогаш не, но ние секогаш наоѓаме начин да победиме против Реал Мадрид. Малите моменти и пропуштените шанси можат да бидат разликата помеѓу победата и поразот способноста на противникот да ги сврти натпреварите. Мораме да дадеме максимум за да победиме“, заклучува Кунде.

Слични содржини