Кунгуловски: Не дозволувајте инает или неукост да доведат до семејни трагедии

од Vladimir Zorba
455 прегледи

Со пандемијава сите живееме и преживуваме низ колективна траума. Постојат рестриктивни мерки што може да ја забават пандемијата, сподели д-р Горан Кунгуловски на својот фејсбук профил.

„Вакцините се единствената алатка којашто може да проба да ни помогне да излеземе како горки победници во оваа колективна траума. Се останато е пораз.

Не дозволувајте лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии. Имајте општествена и морална одговорност и слушајте наука“, додава тој.

Слични содржини