670
„Немаме доволна ургентност на оваа ситуација“, вели молекуларниот биолог, Горан Кунгуловски за емисијата „Топ тема“, коментирајќи дека земјата треба да направи едукациска кмапња, каде што ќе ги информираат луѓето дека примарно вакцините се за пациенти со коморбидитети.
„Тие имаат најфатaлен ризик ако се заразат. Некои луѓе не знаат, им е страв, им веруваат на некои медиуми што шират лажни вести. Најдобрата вакцина е таа што ќе стане достапна. Поголема е веројатноста за смртен исход доколку излезете на улица, отколку од несаканите ефекти од вакцините“, потенцира биологот, кој додава дека несаканите последици се појавуваат само кај 10-тина луѓе од милион лица кои што се вакцинирани.