Кунгуловски предупредува за силна неконзистентност и нескладност помеѓу ПЦР лабораториите во земјава

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Д-р Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил сподели информации за недоследности во резултатите од тестирањата за коронавирусот на водечките македонски лаборатории.

Тој вели дека ако се анализираат јавно достапните податоци од ИЈЗ и се направи анализа на ПЦР позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на најсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу ПЦР лабораториите во Македонија.

-Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни PCR тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни PCR тестови од 0.5-3.5%, вели тој.

Слични содржини