Кунис и Качер два часа собирале ѓубре на плажа во Лос Анџелес

од Vladimir Zorba
2,2K прегледи

ЕШТОН Качер и Мила Кунис се снимени на плажа во Лос Анџелес како собираат ѓубре.

Парот носеше ракавици и држеше големи вреќи во рацете. Познатиот пар посвети два часа на чистење на плажата.

Судејќи по фотографиите, Ештон и Мила биле расположени и не им пречеле папараците.

Инаку, пред нешто повеќе од еден месец, Ештон и Мила разочараа многу фанови и речиси преку ноќ станаа најомразените познати личности во светот. Имено, нивниот колега од серијата „Луди 70-ти“, Дени Мастерсон тогаш беше осуден на 30 години до доживотен затвор за две силувања, а по пресудата се дозна дека неколку познати личности, меѓу кои и Ештон Качер и Мила Кунис, напишале писма со поддршка.

Тие беа испратени до судијата и со надеж дека тоа ќе влијае на намалувањето на казната на Дени.

Слични содржини