Куновска: Како овој СДСМ ќе зборува за ЕУ и НАТО вредности кога Венко е спремен за иселување во Дубаи?

од Vladimir Zorba
494 прегледи

Скандалот со златната виза за Дубаи не се премолчува, бидејќи станува збор за тешка манипулација која ја навредува интелигенцијата до болка. Имено, согласно регулативите на ОАЕ, златна виза се добива со инвестиција од најмалку 550 000 американски долари или ако имаш валидна лиценца за работа во Дубаи. А за да добиеш валидна лиценца за работа во Дубаи има два неопходни кумулативни услови кои мора да се исполнат: прво, да ти го признаат факултетот, во случајов медицинските дипломи на Филипче, второ да имаш минимум 5 години стаж во ОАЕ во дејноста за која си квалификуван. Ова значи дека Венко Филипче не можел да добие златна виза заради преговори за работа во болница во Дубаи, како што се правда, пишува на својот Фејсбук профил Софија Куновска, поранешен претседател на Градската организација на СДСМ .

„Значи, лупингот на Венко од немам златна виза до имам – ама заради преговори за работа, а не заради инвестиции е манипулација која ја става на ачик неговата вистинска улога како претседател на СДСМ. Затоа, време е членството на партијата да ги постави вистинските прашања: Дали Венко го води СДСМ за да некогаш дојде на власт или партијата вака дизајнирана единствено служи за одбрана на нелегално стекнатиот имот во периодот 2017-2024? Со каков товар ќе влезат кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори? Зарем на пример еден Мишко Ралев или некој друг интелектуалец ќе сака да прифати да се девалвира и да ја брани златната виза во кампањата за Скопје? Како понатаму овој СДСМ ќе зборува за ЕУ и НАТО вредности кога Венко е спремен за иселување во Дубаи? Како овој СДСМ ќе ја убеди јавноста дека искрено ги лови скандалите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кога молчи за скандалите во својот врв?“, прашува Куновска, која е и поранешен советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Слични содржини