Куновска: Нема простор за голема импресија во првите 100 дена на Владата

од Nikola Popovski
185 прегледи

Поранешната пратеничка Софија Куновска смета дека ставот на СДСМ за одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, како еден од клучните приоритети на новата Влада, е „смешен и глупав“.

-Глупав е затоа што СДСМ многу добро знае дека и првиот ден по формирањето на Собранието, да отпочнеше постапката за уставните измени, до денес немаше да се заврши затоа што е подолг процес. Смешен е ставот на СДСМ заради тоа што не знам какви им се очекувањата – дека тоа што 7 години не го успеаја во однос на евроинтеграциите, како очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да ја заврши приказната за 100 дена, вели Куновска во емисијата „Само вистина“.

Според неа, и ВМРО-ДПМНЕ и новата Влада не треба да биде амнестирана за тоа што го направи во овие 100 дена.

-Самата ги подигна очекувањата во сузбивањето на енормниот криминал и корупција во државата како прв приоритет. Колку и СДСМ драматично ги изгуби изборите на ова прашање, сметам дека ВМРО има голема задача пред себе, истакна Куновска.

Поранешната пратеничка смета дека на новата Влада ѝ треба малку повеќе време, но „ако треба да се судат овие први 100 дена, нема простор за голема импресија и тој впечаток кај граѓаните е прилично присутен“.

Слични содржини