Куновска размислува да учествува на локалните избори

од Nikola Popovski
44 прегледи

Поранешната пратеничка, Софија Куновска информира дека кружат шпекулации околу нејзина можна кандидатура за градоначалничка на општина Центар на локалните избори наесен. Според неа, има силен притисок од граѓаните да биде кандидат, но доколку тоа би се случило, вели дека би била независна кандидатура, со оглед на тоа дека од 2016 година го замрзнала своето членство во СДСМ.

-Останувам социјалдемократ по убедување, но делувам како независен граѓанин. Не можам да му забранам на никого, рече Куновска во емисијата „Само вистина“ запрашана дали би прифатила доколку одредена партија или коалиција решат да ја поддржат.

Куновска обелодени дека е во постојана комуникација со граѓаните, но, се уште не ја донела конечната одлука.

-Треба објективно да се гледа на работите и треба да се направат истражувања. Се наоѓате во еден меур од ваши симпатизери, обожаватели и поддржувачи, но веројатно има и некоја друга страна која не е океј ако ја дознаете на избори. Треба да се потрудите малку порано да видите како стојат работите, рече екс-пратеничката.

Слични содржини