Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ преку својот фејсбук профил го честиташе роденденот на Социјалдекократскиот сојуз.

Таа напоменува дека денес иако СДСМ е владеачка партија, таа ги живее најнеславните денови од своето постоење.

,,За жал денес СДСМ иако партија на власт, ги живее најнеславните денови од своето постоење. Разочарувањето е огромно и кај граѓаните, но и во редовите на самата партија. Идеолошки обезличена, приватизирана, без однос кон своето минато и величините кои ги поставија темелите на партијата но и на државата, со желба дури да се смени и датумот за роденденот од 20 во 21 април, пораката е загрижувачка. СДСМ е денес псеудодемократска партија, таа повеќе не е место во кое се раѓаат добри политики. Султанизирана, груевизирана, раководена од интелектуална бужутерија, таа е од ден во ден се повеќе клиентелистичко акционерско друштво во кое доаѓаат печалбари на привремена работа. СДСМ е истребено од социјалдемократи а нивните соништа се украдени. Процесите се многу повеќе празни маркетиншки балони одошто суштински промислени постапки кои треба да имаат предвидлив резултат. Се котат „ќосиња“ кои на дневна основа се занимаваат со дисквалификација и елиминација на инакумислечките. Сопартијците не смеат да испијат кафе со неподобните, а камо ли да се сослушаат меѓусебно, па дури и да го прослават заедно овој значаен ден, нешто вообичаено за демократскиот свет. Исчезна другарството, солидарноста и пожртвуваноста.Сепак во оваа пригода би сакала да ја задржам мерката и за крај да порачам: Среќен 30-ти роденден вистинските социјалдемократи, колку и да сте денес такви на број!” – напиша Куновска

Слични содржини