
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, изјави денеска дека се уште е против предвремено олабавување на мерките и дека, иако разбира дека некои граѓани се борат да преживеат без работа, сите треба да имаат повеќе разбирање за ефектите од епидемијата на коронавирусот.
И, додека повеќе од половина од американските гувернери делумно ги лансираат економиите во нивните држави овој викенд, тој истакна дека му требаат повеќе информации за последиците од пандемијата пред да донесе одлука за карантин и да ја пушти економијата.
– Дури и кога пливате во матна вода, не значи дека треба да се движите слепо – истакна Куомо, додавајќи дека акцијата треба да биде условена од информации, а не водена од емоции, политика, а не од што мислат и сакаат луѓето, туку од она што тие го знаат како сигурен факт.
Гувернерот на Њујорк соопшти дека вчера 292 лица починале од коронавирусот, а 831 се заразени, што е намалување од бројот на смртни случаи пријавен претходниот ден.
„Бројот на загинати е помал отколку што беше, но сепак е трагичен и застрашувачки“, рече Куомо, додавајќи дека болниците продолжуваат да пријавуваат скоро 900 нови случаи на ден, без да објаснат точно каде се шири инфекцијата и дека тоа е доволно причина за него да не се намалат мерките.
Во САД повеќе од 30 милиони работници ги загубија своите работни места од 21 март и побараа помош од државата. Повеќе од 1.147.000 луѓе се заразени, а 66.650 починаа.