Ферари е спектакуларен автомобил од секој поглед, особено ако неговата цена скокне од 200 на 6.000.000 долари.
Станува збор за Ферари 340 Америка од 1952 година што ќе се продава викендов во Индијанаполис. Таа е една од само 24-те произведени копии и претставува тркачки автомобил кој го освоил петтото место на трката на 24 часа Ле Ман во 1952 година.
Потоа бил увезен во САД каде што сменил неколку сопственици, а еден од нив го замени оригиналниот V12 мотор со Chevy V8. Оттогаш на оригиналниот мотор му се губи трагата.
Каросеријата подоцна била оштетено при судир и била заменета, но било и оштетена за време на транспортот, па сопственикот се одлучил за „тело“ од стаклопластика„ Девин Спајдер“. Автомобилот потоа исчезнува и не се појавува со децении.
Сепак, во 1990 година, тој бил купен од тркачот Мајк Санфилипо на продажба во гаража за 200 долари, бидејќи продавачот само сакаше да се ослободи од тоа. Санфилипо не знаел за потеклото на автомобилот, сакал да го подготви за трки но сепак го продал на „eBay“ во 2006 година за 26.912 долари на Том Шоунеси.
Станува збор за експерт за реставрација кој наскоро открил што купил и дека автомобилот всушност вреди 3 милиони долари.
Потоа следуваше реставрација спроведена од „Ferrari Classiche“, а автомобилот бил вратен во првобитната состојба. Го добил својот 4.1-литарски V12 мотор спарен со четиристепен мануелен менувач, а неговиот оригинален изглед беше вратен благодарение на фотографиите и исечоците од весниците.
Автомобилот се очекува да биде продаден за повеќе од 6 милиони долари, пишува Кликс.ба.