Куповната моќ на Грците ќе паѓа при Grexit

од desk3
96 прегледи

Граѓаните на Грција ќе бидат погодени од 40 отсто пад во нивната куповна сила, ако земјата го замени еврото со претходна валута – драхмата, сметаат аналитичарите.+

грција

“Првично ќе има масовни распродажби, што ќе доведе до пад во опсег од 30 до 40 отсто во однос на доларот”, вели пред Bloomberg Нил Џонс, комерцијален директор во Mizuho Bank Ltd во Лондон. “Ќе дојде до нови историски падови” при драхмата, додаде тој.

Ризикот Грција да ја напушти 19-члената еврозона расте откако премиерот Алексис Ципрас свика референдум во врска со предлозите на доверителите за реформи во замена за финансиска помош. Иако за Џонс и аналитичарите од ING Groep NV и Credit Agricole SA ова е најлошото сценарио , тие почнаа да мислат како драхмата ќе тргува, ако Грција излезе од монетарната унија.

Повеќе слабата валута може да помогне на грчката економија да порасне преку зголемување на извозот и повеќе инвестиции од странство. Овие потенцијални придобивки ризикуваат сепак да бидат компензирани од “структурно повисоките трошоци за финансирање” за Грција, смета Валентин Маринов, раководител на истражувачки единици на Credit Agricole SA во Лондон.

“Една од причините да се смета дека Грците сакаат да останат во еврозоната, и на крајот ќе го направат, е тешката економска цена која нивната економија ќе мора да ја плати при Grexit”, вели Маринов.

Експертот пресметува врз основа на претходни финансиски и банкарски кризи, дека падот на грчките пари ќе е еднаков на 40% во однос на доларот во рамките на следните 12 месеци.

Грција го усвои еврото во 2001 година, спаѓа во првиот бран од држави, кои се приклучија кон монетарната унија по почетокот во 1999 година Досега ниту една земја не го напуштила блокот, а нема и официјален механизам како точно тоа да се случи.

“Тоа ќе биде донекаде невидено, бидејќи се смета дека еврото е неповратен проект”, рече Нил Џонс. Враќањето на драхмата ќе биде “многу комплицирано, многу тешко, ќе потрае многу време”, забележува тој.

Шефот на единицата за монетарни стратегии на ING во Лондон Крис Тарнер ја споделува тезата на Џонс и Маринов дека Grexit не е најверојатното сценарио.

“Во светлината на излегувањето на Грција од еврозоната, мислам дека очекувањата за 50% пад (на грчката валута во однос на доларот ) изгледаат соодветни”, рече тој.