Граѓаните наскоро ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари.
Владата ќе треба да ја објави листата на граѓани на кои им следува оваа помош на интернет страницата „купувам домашно“, а потоа граѓаните кои ќе бидат на оваа листа а немаат трансакциска сметка или пак сметката им е блокирана треба да отворат нова во банката каде што владата ќе ги распредели.
Законот за финансиската помош беше изгласан во Собранието во саботата, и веќе е објавен во службен весник што значи дека тој е стапен на сила.
Помош од по 6.000 денари за купување домашни производи треба да добијат вкупно 283 илјади граѓани. Освен пасивните баратели на работа меѓу нив се и пензионерите со минимална пензија, корисниците на социјална пензија, самохрани родители, деца без родителска грижа, млади кои беа изоставени со претходниот проект „купувам домашно“, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Според Законот, 25 декември е краен датум за трошење на парите.