Регионите во северна Сирија, кои се под контрола на Курдите, се очекува денеска да прогласат федерален систем на управување, изјави претставникот на сириските Курди, Идрис Хасан.
Turkey-bombing-Syrian-Kurds-reuters-640x480

– Прогласувањето на таквиот систем ќе значи проширување на рамката на самоуправување, која Курдите и другите групи ја формираа, изјави Хасан, кој е претставник на Дирекцијата за надворешни работи на Кобане, еден од трите автономни региони, воспоставени пред две години од страна на курдските групации во северна Сирија.

Хасан посочи дека трите региони ќе бидат наречени „Федерација на Северна Сирија“ и ќе ги претставуваат сите етнички групи, кои живеат на таа територија.

Слични содржини