Курдските сили се повлекоа на 32 километри од границата со Турција

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Курдите од Сириските демократски сили се повлекоа на 32 километри од границата со Турција, соопшти неименуван претставник на тие сили, пренесува Танјуг.

Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека курдските сили почнале да се повлекуваат од подрачјето во близина на турската граница во Сирија.

– Со задоволство забележуваме дека договорот постигнат во Сочи се спроведува. Сè се спроведува, истакна Вершинин.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија врз основа на договорт постигнат во вторникот меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.

Слични содржини