Курир да ја повлече лажната вест за претседателот Заев, во спротивно ќе следува тужба!

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 

 

Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија, соопштува СДСМ

Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска.

Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир, се вели во соопштението на СДСМ

РИСТОСКА ГО ДЕМАНТИРА КУРИР: НЕ ЖИВЕАМ НА ТАА УЛИЦА, НИТУ СУМ СЕ СРЕТНАЛА СО ЗАЕВ

Слични содржини