Во Центарот за обука на полицајци утринава 35 курсисти побарале лекарски помош поради симптоми на труење со храна. Настанот се случил утринава кога тројца од младите курсисти за полицајци паднале во бесознание на смотрата.
Вкупната бројка на симптоми на труење од храна имале 35 кои побарале , тројца од нив биле однесени на Клиниката за инфективни болести, а еден од нив, кој го посетувал курсот за полицајци бил задржан на клиниката бидејќи бил дехидриран. По ова, била повикана екипа од Агенцијата за храна и биле земени мостри од вечерата и појадокот кој го конзумирале курсистите.
Во МВР го потврдија настанот но велат дека бројката не е толкава, туку дека само на тројца им се слошило на утринската смотра. Демантираат дека има труење со храна. Курсистите јаделе вакумираната салама за која во МВР тврдат дека не била со поминат рок.
Од центарот се жалат на лош квалитет на храната, која на неколкупати била фрлана директно во депонијата Дрисла