Курти: Американците подготвуваат лош договор за 2 септември

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Поранешниот премиер на Косово, Албин Курти ги обвини Соединетите Американски држави дека подготвуваат лош договор за средбата меѓу Белград и Приштина, на 2 септември во Вашингтон.

Преку низа објавувања на социјалната мрежа Твитер, која обично ја одбира со цел неговите зборови да стигнат до меѓународната публика, Курти рече дека е „вознемирувачката“ објавата на специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел, и американскиот претседател Доналд Трамп “, дека на 2 септември, на само два месеци пред американските избори, „во Белата куќа меѓу Белград и Приштина ќе се водат преговори“, пренесува КоССев.

Лидерот на движењето Самоопределување истакна дека проблем е недостатокот на кредибилитет и транспарентност.

„Идејата за „територијална размена“ е одбиена неколку пати, но потврдено е дека е вистина од советникот за национална безбедност Џон Болтон, кој рече дека идејата доаѓа од обајцата претседатели (Тачи и Вучиќ). Тоа ја поткопа довербата во овој процес“, изјави Курти.

„Второ, постои недостаток на знаење за ова прашање. Косово е независна и суверена земја која не е во конфликт за да има потреба од мировен договор, ниту пак има нерешен статус за кој се потребни преговори. Овие се лажни изговори“, додаде тој.

„Трето, време и посветеност. Договорот за нормализација на односите со Србија бара решавање на сите отворени прашања. Оттука станува збор за долг процес. Со претседателските избори во ноември, јасно е дека важноста не е во содржината на договорот, туку во потпишувањето на крајот“, напиша лидерот на Самоопределување.

Конечно, Курти рече дека „Косово и Србија треба да ги нормализираат меѓудржавните односи, но дека тоа треба да се случи преку добро подготвен дијалог. Врските и лојалноста на Косово остануваат нераскинливи, но погрешно е да се форсираат лоши договори заради политичка кампања“.

Слични содржини