Курти: Целосната нормализација на односите со Србија бара меѓусебно признавање

од Nikola Popovski
128 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти повтори дека српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот во Брисел на 27-ми февруари одбил да го потпише европскиот предлог и ја најави следната средба во Охрид на 18-ти март, пренесува „Газета експрес“.

Од форумот во Манхајм, кој беше организиран на иницијатива на студентите на тој Универзитет, Курти објави видео порака во која вели дека за целосна нормализација на односите потребно е взаемно признавање.

Тој додаде дека се надева оти „одбивањето на Србија да го потпише европскиот план не значи дека не се согласува со него“.

– На трилатералната средба во Брисел на 27 февруари понудив потпишување на основниот договор во име на Република Косово. За жал, претседателот на Србија одби, по што ја информираше јавноста. Следната недела повторно се среќаваме во Охрид. Се надевам дека одбивањето на Србија да го потпише предлогот во Брисел не е показател дека таа не се согласува со содржината. Секојдневно сме сведоци на креативност и конструктивност. Сметаме дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете земји. Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централен дел од договоро, рекол Курти.

Слични содржини