Курти до албанската дијаспора: Попишете се, регистрацијата е исклучително важна

од Nikola Popovski
181 прегледи

Мандатарот за состав на новата косовска Влада, Албин Куртија повика албанската дијаспора од С. Македонија да се регистрира на пописот.

„Согласно македонскиот Устав, политичките права во земјата ги диктираат бројките и затоа регистрацијата на пописот е исклучително важна. Политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници на Северна Македонија. Напишете го вашето име и кликнете на опцијата: албански“, вели Курти во обраќањето на Фејсбук.

Тој наведе и дека ќе воспостават центри на движењето Самоопределување на дијаспората за да им служат на граѓаните на Македонија, за да им помогнат во процесот на регистрација преку Интернет.

Процесот на попишување на дијаспората почна на 1 март, а до сега како што информираа од МНР најголема заинтересираност има во Швајцарија и Германија, а Канада и Австралија најмала. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот. Пописот на резидентното население ќе започне на 1 април.

Слични содржини