Курти: „Газивода“ е косовско и се наоѓа на Косово

од Vladimir Zorba
454 прегледи

Коментирајќи го извештајот на американското Министерство за енергетика за физибилити студијата за езерото „Газивода“, премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека езерото е косовско и се наоѓа на Косово.

„Нашите ставови во врска со езерото се исти, се разбира, може да се направат анализи и студии, но нашата задача е да кажеме дека „Газивода“ треба да се земе предвид како што е, вештачко косовско езеро на Косово. Секако, ќе ги земам предвид сите аргументи што можат да бидат додаток на нашата непроменета позиција“, рече Курти на прес-конференција по повод првите 100 дена од владата на Косово, пренесе „Балканинфо“.

Говорејќи за договорот од Вашингтон, тој рече дека тој содржи само една валидна точка, а тоа е последната точка за взаемното признавање на Косово и Израел.

„Што се однесува до договорот од Вашингтон, јас уште од почетокот реков дека неговата највредна точка е последната што е веќе реализирана. Не можеме да зборуваме како да не се случиле 14 февруари или 22 март, оние луѓе кои живеат во минатото, не верувам дека во таа смисла и припаѓаат на иднината. Промената во Косово е гигантска, ние сме претставници на таа промена направена од народот на Косово“, рече Курти, цитиран од „Косово онлајн“.

Слични содржини