Курти гласаше во Тирана: Ѝ посакувам просперитет на Албанија и секој што го има нејзиниот пасош

од Nikola Popovski
146 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, гласаше на парламентарните избори во Албанија.

Лидерот на движењето Самоопределување и претставници на извршната власт во Косово гласаа во Тирана, пишува „Експрес“, а пренесува „КоССев“.

„Денот на изборите е ден на демократијата. Ги повикувам сите граѓани на Албанија да ја почитуваат татковината гласајќи и правејќи го најдобриот избор. Денот е убав, недела, сончев, и таков ќе биде до вечер. Им посакувам добри денови и благосостојба на Албанија и на секоја личност која, како мене, има пасош на Република Албанија“, рече Курти по гласањето.

Потсетуваме, на парламентарните избори во Албанија, движењето Самоопределување има тројца кандидати за пратеници.

Слични содржини